На покана на Националниот демократски институт, Метаморфозис беше дел од настанот „Отвореност и мониторинг на парламентите на Западен Балкан“ кој се одржа на 13.11.2024 година во Тирана, Албанија.

Photo credits: Национален демократски институт

Настанот имаше за цел да ја зајакне соработката помеѓу граѓанските организации кои работат на прашања поврзани со транспарентноста, отчетноста и демократизацијата на парламентите во регионот на Западен Балкан. Главните теми кои беа опфатени на настанот беа градењето на коалиции за поефективно застапување, мониторинг на етичките кодекси на парламентите, пост-законодавен надзор, кои беа проследени со дискусии за меѓународни стандарди и метрики кои можат да помогнат во зајакнување на законодавните тела.

Во рамките на настанот, учесниците имаа можност да ги разменат своите искуства и предизвици поврзани со мониторингот на парламентарната работа.

Photo credits: Национален демократски институт

Потсетуваме дека Фондација Метаморфозис како дел од регионалната мрежа ACTION SEE, мрежа за одговорност, технологија и институционална отвореност во Југоисточна Европа, ја следи отвореноста на Собранието на Република Македонија преку Индексот на отвореност. Наодите од последното мониторирање може да ги прочитате во Процената на доброто владеење на законодавната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност.

Photo credits: Национален демократски институт

Сподели: