Интернетот се смета за еден од најголемите пронајдоци во историјата на човештвото. Интернетот го револуционизираше начинот на кој комуницираме, овозможувајќи ни да останеме поврзани 24/7 со пријателите, семејството и луѓе од целиот свет.

Интернетот ни дава брз пристап до информации од секој агол на светот. Ова ни овозможува да останеме информирани за глобалните настани, обезбедувајќи подобро разбирање на светот и поврзувајќи нѐ на нови и значајни начини.

Сепак и покрај поволностите кои ни ги нуди, интернетот овозможува закани. Интернетот истовремено создаде полесни патишта за злонамерни активности (хакирање, кражба на идентитет и измама) и придонесе за брзо ширење на дезинформации.

Најчести форми на криминални активности на Интернет:

  • Сајбер криминал (хакирање, фишинг измами, кражба на идентитет)
  • Онлајн измама (инвестициска измама, измама со добротворни цели, измами со техничка поддршка, измами со лотарија и награди)
  • Кражба на интелектуална сопственост (нелегална дистрибуција на материјал заштитен со авторски права (музика, филмови и софтвер, на Интернет))

Заштитете се на Интернет

  • Заштитете ги вашите лични податоци – Внимавајте кои лични информации ги споделувате на Интернет (име и презиме, адреса, телефонски број, финансиски информации, итн.).
  • Користете силни лозинки – Погрижете се да користите силни и уникатни лозинки, различни за сите ваши онлајн сметки.
  • Редовно ажурирајте го вашиот софтвер – Редовното ажурирање на софтверот, оперативниот систем и веб-прелистувачите може да ве заштити од безбедносни закани.

Важно е секогаш да се има на ум:

  • Проверете ги поставките за приватностРедовно проверувајте ги поставките за приватност на вашите социјални медиуми и други онлајн сметки за да се осигурате дека ги споделувате само информациите што сакате да бидат јавни.
  • Користете двофакторска автентикација – Дополнителен слој на безбедност за вашата сметка. Најавете се со лозинка и единствен код испратен до вашиот мобилен уред.

Нашата безбедност на Интернет зависи од нас!

Честит Ден на побезбеден интернет

Македонски јазик

Албански јазик

Англиски јазик

Ова видео е дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ ко-финансиран од Европската Унија. Видеото е произведено со финансиска поддршка на Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на ИЦЕДА партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Сподели: