Започнавме со дводневна обука за заштита на лични податоци за членови на синдикални организации. Во текот на денешниот и утрешниот ден, учесниците на обуката ќе имаат можост да дознаат нешто повеќе околу правата на субјектите на личните податоци на работното место и во секојдневното живеење; обврски на вработените при обработка на лични податоци; мерки за безбедност на личните податоци и многу други теми од областа на заштита на лични податоци.

Оваа обука е дел од проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект.

Сподели: