Датум: вторник, 15-ти мај, 2018 г., 12:30 часот

Локација: Универзитет на Југоисточна Европа – Амфитеатар ЛХ4 (Ректорат), Тетово

 

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис, има чест да Ве покани да земете учество на јавниот настан за размена на знаења и искуства „Слобода на интернет“, што ќе се одржи на 15-ти мај, 2018 г. во Универзитет на Југоисточна Европа – Амфитеатар ЛХ4, Тетово.

Настанот ќе биде посветен на претставување на прелиминарните извештаи од проектот „Слобода на интернет“ поврзани со заштита на човековите права, како и претставување на резултатите од мерењата за отвореноста на институциите од проектот „Мрежа за отчетност, технологија и институционална отвореност во ЈИЕ“.

Ве покануваме да земете активно учество во дискусијата, со особен акцент на подигање на јавната свест за меѓународните правни стандарди кои треба да се применат и споделување на искуствата на правниците, новинари, академски истражувачи и практичари кои работат во овие области во Македонија.

Основа за дискусијата се

Агендата на настанот е во прилог, а заради ограничениот број на места Ве молиме учеството да го потврдите преку пополнување на формуларот за регистрација, по е-пошта на contact@metamorphosis.org.mk, или по телефон на 02/3109-325.

Лице за контакт: Елида Зилбеари.

Преземете ја агендата на настанот (.pdf)

 

 

Сподели: