Почитувани партнери и пријатели,

Ќе ни претставува огромно задоволство и чест да ни се придружите в петок, 11-ти мај, во Музејот на современа уметност на конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“, во рамки на која ќе имате прилика да слушнете и да дискутирате за развојот на интернетот во земјата, како и за предизвиците со кои се соочува онлајн медиумската заедница, за нивните искуства и потреби.

По дискусијата ќе се дружиме на сонце и во прекрасниот простор на МСУ со скромна закуска.

Конференцијата е дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на ФООМ.

 

11 maj konferencija

Сподели: