Почитувани,

По повод Денот за заштита на приватноста, со задоволство ве покануваме на третата средба во рамки на иницијативата „Разговори за приватност“ која ќе биде на тема „Заштита на личните податоци на децата“. На средбата ќе присуствува Марјана Планојевиќ, експерт со повеќе од 10-годишно искуство во спроведување обуки на теми поврзани со заштитата на личните податоци. Марјана ќе сподели информации околу тоа како родителите, воспитувачите и наставниците треба да постапуваат со личните податоци на децата и учениците и како можеме да ја подигаме свеста кај најмладите за важноста на заштитата на нивните лични податоци. Средбата ќе се одржи во Јавна соба, во салата „Слава“, на 28 јануари (петок), со почеток во 15:00 часот.

Тука може да ја погледнете Агенда за настанот, а вашето учество можете да го пријавите со пополнување на формуларот достапен на овој линк.

За учесниците кои не се од Скопје, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до Скопје. За да го направиме ова, ќе биде потребно да ни доставите оригинални сметки и билети од патувањето.

Доколку ви се потребни било какви информации околу иницијативата „Разговори за приватност“ или средбата, ве молиме обратете се на vesna@metamorphosis.org.mk.

Со почит,

Фондација Метаморфозис

 

*Со оглед на тоа што средбата ќе се организира во затворен објект, услов за влез е поседување сертификат/потврда за имунизација од вирусот ковид-19, односно за примени две дози на вакцината или, пак, потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

 

Сподели: