Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации, институциите, медиумите и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за тоа „Како треба да ги штитиме личните податоци на ранливите категории?“ на осмиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 31-ви мај, во Јавна соба, со почеток во 15 часот. (Јавна соба се наоѓа на ул. 50-дивизија, бр.22 во Скопје. Локацијата можете да ја видите на овој линк.)

Учесниците на средбата ќе имаат можност да добијат појаснување на нивните дилеми поврзани со заштитата на личните податоци на ранливите категории граѓани и да да придонесат кон дискусијата преку споделување на своите искуства и ставови на темата.

Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк.

Сите што сакаат да присуствуваат на настанот, треба да го пополнат овој формулар.

За учесниците кои доаѓаат од друг град, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет.

 

Сподели: