Фондација Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, на 16 октомври 2024 година организираат тематски форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ со почеток од 10:30 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (Скопје). Агендата за форумот е достапна тука.
Сузбивањето на корупцијата е од суштинско значење за зајакнување на довербата во локалната самоуправа, заштита на демократијата и доброто управување на локално ниво. Корупцијата е препознаена како најголем проблем од страна на граѓаните, а дигиталните технологии нудат голем потенцијал за нејзино намалување преку зголемување на транспарентноста. Ова бара поголема отвореност на локалната самоуправа и активна соработка со заедницата.
Преку форумот, нашата цел е да поттикнеме акција против корупцијата, обединувајќи претставници од локалната самоуправа, граѓански организации, активисти, експерти, граѓани и медиуми во заедничка борба заснована на инклузивност и соработка.
На настанот ќе бидат претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година и ќе се дискутираат добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа со цел зголемување на довербата на граѓаните и искоренување на корупцијата. Дополнително, ќе бидат дискутирани придобивките од дигитални технологии во зголемување на транспарентноста на локалната самоуправа и учеството на граѓаните во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, преку дигиталната алатка мЗаедница.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик со присуство од 40 учесници во Граѓански ресурсен центар (Скопје) и со обезбеден пренос во живо преку фејсбук страницата на Фондација Метаморфозис.
Сите заинтересирани за учество на настанот треба да се регистрираат на следниот линк најдоцна до 10 октомври 2024 година: https://forms.gle/BFg9zi2ZGLhXByE86 Поради ограничени капацитети во просторот, местата за физичко присуство се ограничени.
За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет со задолжително доставување на оригиналната патна документација, и тоа автобуски или возен билет со фискална сметка или фискална сметка за гориво и патарини (доколку на тој патен правец има патарини). Приложената патна документација мора да биде со датум на самиот настан или максимум еден ден претходно. Патната документација со датум неколку дена пред/по настанот нема да биде признаена.
Забелешка за приватност: Настанот ќе се снима и ќе се пренесува во живо преку фејсбук страницата на Фондација Метаморфозис, а снимката ќе биде споделена на веб-страниците и социјалните медиуми на проектните партнери. Фотографиите направени за време на настанот ќе бидат промовирани на веб-страниците и социјалните медиуми на проектните партнери, и ќе бидат доставени до донаторот заради цели на проектно известување.
Тематскиот форум е овозможен со поддршка на Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас во рамките на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)“ спроведуван од Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21.
Оградување: Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
Сподели: