Во знак на одбележување на 28-ми јануари, Денот на заштита на личните податоци, споделуваме одлична можност за претставниците на граѓански организации!

Нашата следна обука за заштита на лични податоци ќе се одржи на 1-ви и 2-ри февруари, во Јавна соба во Скопје и добредојдените се сите кои сакаат да се вклучат. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност да научат нешто повеќе околу тоа:

  • Како треба да ја усогласат работата на граѓанските организации со Законот за заштита на лични податоци;
  • Како да ја подигнат свеста за важноста на заштита на личните податоци кај нивните целни групи и
  • Како да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци.

Оваа обука ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија. Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат. Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк до формулар за пријавување.

Агендата за обуката ќе биде споделена на е-маил адресите на пријавените учесници.

Ги очекуваме вашите пријави!

 

 

Сподели: