Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации и медиумите да бидат дел од четиридневна онлајн обука за заштита на лични податоци што ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“. Оваа обука ќе им помогне на организациите и медиумите да го усогласат нивното работење со Законот за заштита на лични податоци, но и да ја подигнат свеста за заштита на личните податоци кај нивните целни групи и да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци.

Обуката ќе се спроведе на платформата Zoom и ќе биде организирана во 4 сесии кои ќе се одржат на: 25, 26, 27 и 28. април, со почеток во 12:30 часот. Агендата за сите 4 дена може да ја најдете на овој линк.

Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат. Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк до формулар за пријавување.

Ги очекуваме вашите пријави.

Сподели: