На 29 октомври од 11 часот, во рамки на Деновите на медиумска писменост, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка на Европската Унија, организира јавна панел дискусија на тема пристапи во борбата против борба против дезинформации, со посебен акцент на дезинформациите поврзани со пандемијата Ковид-19.

Панелисти на настанот:

  • Марјан Забрчанец, Влада на Република Северна Македонија
  • Бардил Јашари, Фондација Метаморфозис
  • Марина Тунева, Совет за етика во медиумите на Македонија
  • Љупчо Петковски, Центар за европски стратегии – Евротинк
  • Владимир Петрески, Фондација Метаморфозис/Вистиномер

Модератор: Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис

Панелот ќе овозможи дискусија меѓу претставници на државните институции, граѓанскиот сектор и медиумската заедица, со цел посочување на постоечките и воспоставување нови синергии во јавен интерес.

Во рамки на настанот за прв пат ќе бидат претставени и прелиминарните резултати на истражувањето спроведено во рамки на „КриТинк“ за односот на општата јавност кон медиумската писменост. Претставниците на Метаморфозис ќе ги презентираат и досеганите искуствата од партнерството со Фејсбук во рамки на програмата за проверка на факти.

Панелот освен разговор меѓу панелистите ќе овозможи и дијалози со публиката, преку можнности за поставување прашања или искажување мислење од страна на сите учесници.

Настанот ќе биде отворен за јавноста и ќе се одвива онлајн преку платформата Зум, а ќе се емитува и во живо преку Фејсбук-страницата на „КриТинк“.

Zoom Meeting

https://techsoupglobal.zoom.us/j/96927394956?pwd=UVdHV0lLVzR6WG1uUzAwTDducHZMdz09

Meeting ID: 969 2739 4956

Passcode: 882202

Сподели: