Мени

Барање за понуда: Евалуација на влијание на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“

Активностите на проектот се во тек (ќе завршат до 29.12.2011), а евалуацијата треба да заврши до 21 јануари 2012 г.

Фокус на евалуацијата е влијанието на активностите врз определената целна група и до кој степен е одговорено на постоечките потреби од дадената област и директно и во поширокиот општествен контекст. При тоа може да бидат опфатени и прашањата на ефективност, продукт и задоволство на корисниците. Покрај јавно достапните податоци, на евалуаторите на располагање ќе им биде архивата на Метаморфозис и проектните партнери БлуЛинк – Бугарија, Замирнет и Еко Кварнер – Хрватска, ПРОТЕКТА – Србија, Компјутер Еид – Велика Британија, персоналот на овие организаци и податоците за контакт на директните корисници од проектот.

Еден од резултатите на евалуацијата мора да бидат и препораки за понатамошни активности (follow up) за задоволување на потребите на граѓаните во потесната област на раководење со отпад од електрична и електронска опрема и пошироката област на заштита на животната средина од влијанието на овој вид на отпад.

На повикот може да учествуваат правни лица – консултантски куќи и невладини организации, како и индивидуални професионални консултанти, со искуство од евалуација на проекти, кое ќе го демонстрираат со портфолио на досегашни сродни активности. Дополнително, искуство во тематските области на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“ ќе се смета како предност.

Секоја понуда треба да содржи писмо за мотивација, концизен предлог-план за спроведување на евалуацијата, како и портфолио на организацијата и CV-а на предвидените евалуатори.

Рок за поднесување на понудите е 23 декември 2011 година во 14 часот, исклучиво по е-пошта на адресата elena@metamorphosis.org.mk.

За дополнителни информации и консултации може да се обратите на проектниот координатор Елена Игнатова на фиксен тел. 3109 325 или моб. 075 495 307.