Извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Имер Алиу потпишаа Меморандум со кој ги афирмираат своите заложби да дадат заеднички придонес во полето на заштита на личните податоци!

Во периодот што следува, Метаморфозис и АЗЛП ќе организираат настани, ќе соработуваат при спроведување истражувања и ќе разменуваат информации за актуелни трендови и процеси во областа на заштитата на личните податоци.

Заедничките активности ќе се спроведуваат во рамки на програмата „Човекови права на интернет“, а нивната цел е промоција и унапредување на правото на заштита на личните податоци на граѓаните, како и создавање култура на почитување на приватноста.

 

 

 

Сподели: