Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024).

Со цел обезбедување на навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес МИОА објави повик до сите заинтересирани страни за номинирање на членови во работната група за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата (2019/1024).

За учество во работната група, потребно е заинтересираните страни да имаат искуство во областа. Рокот за номинација е 06.08.2021 година.

Целиот повик може да го прочитате на следниот линк: https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/3483

Сподели: