За потребите на проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“ финансиран од страна на Кралство Холандија, Фондација Метаморфозис отвора Повик за доставување на понуди за набавка на услуги за дизајн и печатење и на публикација – компендиум. Се покануваат квалификувани понудувачи да достават понуди согласно следните услови:
1. Предмет на набавка
Предмет на набавката се услуги за дизајн и печатење на публикација – компендиум со работен наслов „Анатомија на странското малигно влијание во Западен Балкан“
- Дизајн на публикација
- Печатење на публикација
Набавката по повикот не е делива.
За повеќе информации:
Понудата треба да ги содржи следните елементи:
- Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како Прилог 1
- Документи за докажување на техничка и професионална способност:
- Изјава za исполнување на условите за лична состојба на економскиот оператор треба да се подготви според образецот даден како Прилог 2
- Тековна состојба или доказ за регистрирана дејност (копија)
Рокови
- Рок на поднесување на понудата: 15 октомври 2025 г. до 16:00 часот
- Рок на важност на понудата: најмалку 90 дена од денот на отворање на понудите.
Понудите треба да се доставуваат
- по курирска служба или лично во запечатен плик со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“ за Проект „WBADH“ – Понуда за компендиум
- по електронски пат на е-маил ivona@metamorphosis.org.mk со наслов „Понуда за компендиум“. Понудите се доставуваат скенирани со потпис и печат од овластено лице
Понудите што нема да ги содржат потребните елементи или што не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација.
————————————————————————————————————————————————————————————————–
Проектот „ Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија); Центар за меѓународни и безбедносни прашања ISAC (Србија); Зашто не (Босна и Херцеговина); Центар за демократска транзиција (Црна Гора); Faktoje.al (Албанија), и Sbunker.net (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралство Холандија.
Сподели: