Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, Фондација Метаморфозис организира обука за граѓански организации и медиуми на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија“.

Датум: 24 април 2025 година (четврток)

Време: 10:00 часот

Локација: Метаморфозис (ул. Франклин Рузвелт 19, кат 2 – во зградата на Сетек)

Мапа: https://maps.app.goo.gl/o43Q5Uqpjg1WU1P37

Обуката ќе се фокусира на основите на Законот за дигитални услуги на ЕУ и главните принципи на транспарентност, одговорност и заштита на корисниците, како и неговото влијание врз слободата на изразување и дигиталните права. На обуката ќе бидат презентирани и клучните наоди и препораките од истражувањето за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ врз граѓанските организации и истражувачките новинари во Македонија и предизвиците и ризиците врзани со дигиталните платформи, доверливите пријавувачи и алгоритамското модерирање.

Обуката е наменета за претставници на граѓански организации, медиуми, проверувачи на факти, истражувачки новинари и активисти кои работат на теми поврзани со дигитални права, слобода на изразување и медиумска регулација.

Агендата за обуката е достапна тука.

Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк.

Пријавувањето за обуката е најдоцна до 16 април 2025 година.

Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in Tech Kosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).

Сподели: