Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на експерт за Индексот на отвореност со цел сумирање на резултатите и подготовка на Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт 2022 година.

Ги покануваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите наведени во повикот да аплицираат онлајн, на наведениот e-mail во самиот повик.

Начин на аплицирање: со испраќање на кратка биографија (CV), и пополнета, потпишана финансиска понуда, испратени до marijana@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 15.4.2022, 16:00 часот.

Формуларот за поднесување финансиска понуда и сите детали се достапни на следните линкови: Openness Index Expert call и ATTACHMENT 1 – financial offer.

Повикот е отворен од денес, 1.4.2022 до 15.4.2022, 16:00 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

*фотографијата е под лиценцата creative common

Фондацијата Метаморфозис го резервира правото да контактира само со избраните понуди. Со испраќање на вашата кратка биографија (CV) се согласувате вашите лични податоци да се обработуваат и зачуваат за потребите на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, а со цел спроведување на активностите во рамки на проектот.

Сподели: