Дали работите во младинска организација и сте заинтересирани за етичка употреба на алатките за вештачка интелигенција (ВИ)? Дали сакате да истражите како вештачката интелигенција влијае врз младинското учество, човековите права и демократијата?

Придружете се на студиската сесија „Open your AIs“ и станете дел од заедницата на млади креатори на промени кои се подготвени да се соочат со иднината на вештачката интелигенција преку критички пристап заснован врз права.

Студиската сесија е простор за учесниците да ги истражат клучните предизвици поврзани со вештачката интелигенција, да разменуваат идеи и да создаваат практични алатки, стратегии или препораки кои директно можат да ја поддржат нивната работа во младинските организации. Студиска сесија е организирана во рамките на програмата Youth for Democracy во соработка со Connect International со партнерот Curiosite Centre de Formation и експертизата на Фондација Метаморфозис.

 

Бараме 20 учесници од сите земји членки на Советот на Европа.

 

Со учеството:

  • Ќе го зголемите дигиталниот капацитет на вашата организација – Научете како критички да оценувате и одговорно да ги интегрирате алатките за вештачка интелигенција во вашата секојдневна работа и проекти.
  • Ќе ја истражите етичката страна на вештачката интелигенција – Размислете за придобивките и ризиците, како и за етичките дилеми што ги создава вештачката интелигенција и како тие влијаат врз младите луѓе и нашите општества.
  • Ќе поттикнете значајни разговори – Добијте практични алатки и стратегии кои ќе помогнат да се припои етиката кон вештачката интелигенција во рамките на вашите програми и помогнете младите луѓе да се вклучат во обликувањето на нивната дигитална иднина.
  • Ќе ги осознаете важните дигитални политики – Зголемете го вашето знаење за Законот за вештачка интелигенција на ЕУ, Конвенцијата за вештачка интелигенција на Советот на Европа и за тоа како младинските организации како вашата можат да бидат дел од обликувањето на инклузивно и правично управување со вештачката интелигенција.

Ден на пристигнување: 22 јуни 2025 година

Ден на заминување: 28 јуни 2025 година

Во просториите на Европскиот младински центар Стразбур при Советот на Европа во Франција.

  • Дали сте на возраст од 18 до 30 години?
  • Член на младинска организација или младински работник?
  • Дали сте жител на некоја од земјите членки на Советот на Европа?
  • Дали со нетрпение очекувате да дознаете повеќе за дигиталните и младинските политики на Младинскиот центар на Советот на Европа?
  • Дали сакате подобро да разберете како вештачката интелигенција ги обликува животите на младите луѓе?
  • Дали сте заинтересирани за етички пристапи кон технологијата кои се засновани врз човекови права?

Ако одговорот е да, аплицирајте на повикот за студиската сесија до 9 мај 2025 година преку овој формулар.

Сместувањето, оброците, трошоците за виза патните и дневните трошоци се покриени од Одделот за млади на Советот на Европа.

Придонесот на учесниците ќе биде котизација од 50 евра. Учесниците ќе бидат замолени да ги префрлат преку банкарски трансфер на Connect International најмалку 3 недели пред почетокот на студиската сесија.

Краен рок за аплицирање: 9 мај 2025 година

Информации за статусот на вашата апликација: 15 мај 2025 година

Линк до оригиналниот повик: Call for participants to join our study session “Open your AIs” in Strasbourg | Connect INTERNATIONAL

Сподели: