Фондација Метаморфозис иницира основање на неформална мрежа на медиуми и истражувачки новинари кои врз основа на транспарентна и професионална методологија ќе придонесуваат кон борбата против дезинформации.

Членките на мрежата ќе добијат пристап до квалитетни обуки како и можност да бидат ангажирани за продукција на медиумски содржини поврзана со разоткривање и објаснување на дезинформации и медиумски манипулации. Покрај тоа, членките ќе добијат можност за пренесување на професионално продуцирани содржини од мрежата преку нивните канали, овозможувајќи зголемување на бројноста и разновидноста на нивната публика.

Целта на овој пристап е да се развие заедница на професионални новинари и медиуми кои ќе развиваат квалитетни информативни и едукативни ресурси за подигање на јавната свест за феноменот на дезинформации, ќе придонесуваат кон јакнење на медиумската писменост, како и застапување за соодветен пристап кон оваа проблематика на ниво на јавни политики.

За да се приклучите во мрежата, контактирајте ја Ќендреса Сулејмани на qendresa@metamorphosis.org.mk или 075 244249.

 

Сподели: