Заинтересираните практиканти може да бидат студенти на факултети од следните области:

  • новинарство
  • политички науки
  • туризам
  • етнологија
  • географија
  • филологија
  • археологија
  • историја
  • технички науки
  • сродни науки

Практикантите ќе добијат обука за уредување содржини објавени на вики-платформата wiki.mk, како и бесплатен примерок од прирачникот за објавување на вики-сајтови.

Напредните корисници ќе имаат можност да се вклучат во специјалната група администратори на веб-порталите на градовите.
.

Што ќе добиете?

  • вештини за уредување содржини на веб
  • промоција на вашата работа онлајн
  • искуство во истражувачка работа и пишување
  • можност за вклучување во други обуки и волонтерски активности
  • можност за стекнување дополнителни вештини и искуства
  • потврда за извршена пракса

.
Кој сè може да се приклучи?

Во оваа активност може да се вклучат и сите други заинтересирани кои сакаат да придонесуваат со пишување, уредување и објавување информации за историјата, знаменитостите, културата, уметноста, туризмот, значајните личности, дијалектите, местата, институцииите, настаните кои влијаат за локалниот развој и потребите за понатамошно развивање на градовите во кои живеат или од кои потекнуваат.

Засега се активни вики-портали за Скопје, Велес и Дебар, но доколку изразите интерес да пишувате за друг град, пишете ни и ние ќе отвориме.

Сите заинтересирани кандидати можат да испратат барање за приклучување во активноста на info[at]wiki.mk. Покрај вашето CV, потребно е да ни назначите кои се вашите пошироки и потесни интереси и за кој град би сакале да придонесувате.

Сподели: