Предавањето ќе се одржи на 3 јуни (четврток), во 18:00 часот, во салата „Милениум 2“ на хотелот Холидеј ин во Скопје. Влезот е слободен.

Ричард Сталман е основоположник на движењето за слободен софтвер и проектот GNU. Кариерата ја започнува на познатиот технолошки универзитет во Масачусетс (MIT), во лабораторијата за вештачка интелегенција. Во времето кога воопшто не ни постоела софтверска индустрија, неговите програми биле нашироко употребувани ширум универзитетите во САД, а поради неговата вештина и способност се здобива со голема почит кај колегите. Автор е на ГНУ и ГНУ-овата општа јавна лиценца, кои се основа за оперативниот систем ГНУ/Линукс.

Настанот е дел од проектот „Национална политика за слободен софтвер“ кој го спроведува Слободен софтвер Македонија, поддржан од Фондацијата Метаморфозис и ФИООМ, во соработка со Министерство за информатичко општество. Во организацијата помогна и Free Software Foundation.

Извор: Слободен софтвер Македонија

Сподели: