Во рамки на проектот Зајакнување на капацитетот на граѓанските организации за учество во законодавниот процес, на Националниот демократски институт, Фондацијата Метаморфозис спроведе обука за како да се остварат социјални промени преку употреба на технологијата и новите медиуми, како и подобрување на онлајн присуството и стратегии за комуникација преку друштвените мрежи.

Целта на обуката беше да се подигнат капацитети на граѓанските организации за употреба на нови технологии за лобирање, застапување и подигање на јавната свест за каузите за прогресивни промени во општеството, на локално и на национално ниво.

Обуката се одржа на 28 февруари во Маврово, а присуствуваа преставници на 8 организации.

Сподели: