Законот за дигитални услуги на ЕУ (Digital Services Act – DSA) е еден од најзначајните правни акти на Европската Унија за регулирање на дигиталните платформи, кој има за цел да обезбеди поголема транспарентност, одговорност и безбедност за корисниците на интернет.

Во Северна Македонија, усогласувањето со Законот за дигитални услуги на ЕУ е клучно за создавање побезбеден онлајн простор и треба да биде насочено кон постигнување баланс помеѓу заштитата од нелегални и штетни содржини и гарантирањето на слободата на изразување.

Препораките од истражувањето што го спроведе Метаморфозис за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ врз граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија, се издвоени како клучни за успешна и праведна имплементација на Законот за дигитални услуги во Северна Македонија, без загрозување на слободата на медиумите, граѓанските организации и дигиталните права.

  • Транспарентноста, независноста на регулаторните тела и отчетноста во процесите за модерирање на содржини се критични за заштита на дигиталната демократија.
  • Само преку инклузивен пристап, каде што граѓанските организации, новинарите и корисниците се дел од процесот на следење и имплементација, Законот за дигитални услуги на ЕУ ќе може да ја подобри дигиталната средина во Северна Македонија.

Целото истражување е достапно на: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/implikacii-od-zakonot-za-digitalni-uslugi-na-eu-na-graganskite-organizacii-i-istrazuvachkite-novinari-vo-severna-makedonija/

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in Tech Kosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).

 

Сподели: