Во периодот од 23 до 30.10.2006 г. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се одржат неколку презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку фондацијата „Електронски информации за библиотеки – eIFL“ . Презентациите се организираат во рамките на проектот Креативна настава и учење на Фондацијата институт отворено општество – Македонија , финансиски поддржан од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
Презентациите ќе ги водат г. Миодраг Дадасовиќ од Националната и универзитетска библиотека – Скопје и г-а Јорданка Петрушевска од Фондацијата „Метаморфозис“, Скопје.
Презентациите истовремено ќе овозможат и дискусија околу можностите за поуспешнo искористување на базите на eIFL како и за можните проблеми и предизвици.
Распоред на презентациите
Датум | Час | Локација | Просторија |
23.10.2006 | 10:00 | Филозофски факултет – Скопје | Сала за седници |
25.10.2006 | 09:30 | Педагошки факултет – Скопје | Лабораторија по информатика 221 |
25.10.2006 | 13:00 | Природно-математички факултет – Скопје | Голем физички амфитеатар |
26.10.2006 | 12:00 | Педагошки факултет – Штип | Прва училница, реновиран дел од факултетот |
30.10.2006 | 12:00 | Педагошки факултет – Битола |
Сподели: