Придонес на Метаморфозис, Новинска агенција Мета.мк, Порталб и Вистиномер кон Предлог измените на Законот за медиуми
Во насока на одржување конструктивна дискусија и учество во консултативниот процес, а земени предвид искуството и работата на Фондацијата Метаморфозис, Новинската агенција Мета.мк, Порталб и Вистиномер, во рок преку ЕНЕР беа доставени предлозите за дополнување на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми (Законот).
Нашиот став дека е неопходно донесување на нов Закон за медиуми, во кој сеопфатно ќе бидат уредени сите отворени прашања согласно европските норми и стандарди.
Исто така, сметаме дека исклучително е важно измените и дополнувањата на Законот да се донесат во максимално инклузивен процес, што подразбира и организирање јавна расправа од страна на предлагачот, со цел да се допрецизираат и други одредби кои се однесуваат на поставените цели во образложението на Предлог Законот, а не се уредени со објавените Предлог измени и дополнувања на Законот за медиуми.
Сметаме дека недостасуваат одредби со кои ќе се надмине состојбата која е наведена како причина за измените и дополнувањата на Законот за медиуми, а се однесува на „справување со дезинформации, говор на омраза, и на прекршувањето на професионалните новинарски стандарди присутни во онлајн медиумите и платформите на социјалните мрежи“.
Поднесените прелози се во прилог.
Сподели: