Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Приватноста во онлајн наставата, со почеток во 15:30 часот, на 09 февруари (вторник), 2021 година.

Ги покануваме сите заинтересирани од наставниот кадар, стручните служби, училишниот менаџмент, но и родителите/старатели на ученици да се пријават за учество на следниот линк за пријавување. Обуката ќе трае час и половина, и учесниците ќе имаат можност за дискусија со предавачите, и поставување прашања на темите од обуката.

На овој линк можете да ја погледнете и деталната агенда: Приватноста во онлајн наставата 09.02.2021

По завршување на вебинарот, материјалите ќе бидат достапни за сите учесници, лиценцирани со Криејтив Комонс, и слободни за повторна употреба, со наведување на извор. Ве охрабруваме да го споделите овој повик до сите на кои сметате ќе им биде од корист. Ве очекуваме!

Вебинарот Приватноста во онлајн настава се спроведува во рамки на проектот Отворени образовни ресурси, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Сподели: