Рокот за доставување понуди за набавка на услуги организирање студиско патување е продолжен до 19.09.2025 година
Фондација Метаморфозис, за потребите на проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“ финансиран од страна на Кралство Холандија, има потреба од ангажирање професионална туристичка агенција која ќе обезбеди целосна и беспрекорна логистичка поддршка за студиска посета во Хаг за 12 учесници. Целта е да се обезбеди безбедно, ефикасно и пријатно патување и престој за сите учесници, со висок квалитет на услуги и минимален административен товар за организаторот.
Сите детални информации за предметот на набавка се дадени во тендерската документација.
Понудите се доставуваат најдоцна до петок 19.09.2025 година до 15.30 часот.
Понудите треба да се достават во печатена форма во деловните простории на Фондација Метаморфозис на ул.Франклин Рузвелт бр.19, 1000 Скопје, втор кат.
Понудата треба да содржи:
- Техничка понуда (опис на пристапот и услугите)
- Финансиска понуда дадена како Прилог 1
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба според образецот даден како Прилог 2
- Доказ за регистрирана дејност или тековна состојба
- Лиценца А за вршење на туристичка дејност
- Референци од слични ангажмани
Сподели: