Рокот за доставување понуди за набавка на услуги организирање 4 специјализирани обуки е продолжен до 20.12.2024 година
За потребите на проектот „Increasing Fact-Checker Capacities for Video Podcast Production“, Фондација Метаморфозис објавува повик за доставување понуди за ангажирање на правно лице кое ќе биде задолжено за организирање на 4 специјализирани обуки за вработените во Фондација Метаморфозис. Сите информации поврзани со повикот се дадени во Повикот и придружните документи.
- Повик за доставување понуди за организација на 4 специјализирани обуки (целосен текст)
- Прилог 1 – Образец за понуда
- Прилог 2 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
Понудите можат да се доставуваат во архивата на Фондација Метаморфозис на ул. Франклин Рузвелт бр.19 во Скопје или електронски, на е-маил адресата: info@metamorphosis.org.mk најдоцна до 20.12.2024 година, а насловот на пораката треба да биде „Понуда за организација на 4 специјализирани обуки за вработените на Фондација Метаморфозис“.
Понудите кои ќе содржат непотполна или неуредна документација, како и понудите кои ќе бидат доставени по рокот утврден во овој повик, нема да бидат земени предвид. Фондација Метаморфозис го задржува правото да ги контактира само избраните кандидати.
Сподели: