Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица, без разлика дали се активисти, млади ентузијасти или студенти да се пријават на отворениот повик на Фондацијата Метаморфозис за учество во програмата за новинарска пракса. Оие што ќе испратат најиздржани апликации ќе добијат можност да работат во редакциите на Вистиномер.мк, лиценциран член на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN), новинската агенција Мета.мк, каде се објавуваат вести на македонски, англиски и на албански јазик како и во Порталб.мк, онлајн њуз портал на албански јазик.
На апликантите ќе им биде понудено искуство скроено според нивните интереси и расположиво време. Вкупното траење на практичната работа ќе изнесува не повеќе од 60 дена, а ќе можат да се стекнат знаења за основи на новинарството, етика во новинарството, истражувачко новинарство, критичко мислење и разоткривање на дезинформации, проверка на факти, новинарство базирано на податоци и визуелизации на податоци.
Сите учесници ќе добијат сертификат за учество и ќе станат дел од медиумската мрежа на Фондацијата Метаморфозис, а на најдобрите ќе им биде понудено вработување.
Апликациите треба да вклучуваат CV и кратко мотивациско писмо и да се пратат на konkurs@metamorphosis.org.mk
Сподели: