На 23 септември, за време на финалната конференција од проектот Акциска мрежа за добро владеење, беше промовирана публикацијата со наслов „Добро владеење – искуства и предизвици“.

Во оваа публикација се обработуваат поврзаноста на доброто владеење со ИКТ и новите медиуми, истражување и креирање политики и ЕУ. Исто така, во рамките на ова издание се пренесени искуствата и предизвиците, односно научените лекции и препораки од сите 16 проекти имплементирани преку малите грантови доделени на 16 граѓански организации во рамките на овој проект.

Публикацијата е достапна за преземање на македонски, англиски и албански јазик.

Проектот Акциска мрежа за добро владеење е имплементиран од Фондација Метаморфозис, во партнерство со Македонски центар за европско образование и Реактор, а со финансиска поддршка на Европската Унија. Целта на проектот Акциска мрежа за добро владеење е промовирање на динамично граѓанско општество кое ефективно ги мобилизира граѓаните за активна вклученост во доброто владеење и транспарентноста, како и влијание врз процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Сподели: