Проектот Брз одговор на дезинформации за вакцините е целно насочен и ќе одговара на високата недоверба на вакцините COVID-19 во Северна Македонија предизвикана од широко распространетите дезинформации на оваа тема.

Активностите на проектот ќе се надградат на веќе постоечките кои Метаморфозис ги спроведува а кои се однесуваат на проверки на факти и на подготовка на анти-дезинформациски написи. Проектот ќе се спроведува со комбиниран пристап и тоа:

  • Зголемена продукција и ширење на проверени и едукативни медиумски содржини (насочени кон професионалци во медиумите и поширока публика) на тема Ковид 19, вакцини и медицински научно поткрепени акспекти за целиот процес;
  • Барање транспарентност од властите и олеснување на соработката со медиумите и граѓанското општество;
  • Овозможување директна соработка помеѓу новинари, медицински професионалци и други засегнати страни

Дополнително, со проектот ќе им се даде можност на видните професионалци од пошироката зедница кои се залагаат за користење на вакцинацијата како најефикасен начин за борба против пандемијата да се обратат на јавноста и да ги изложат своите експертски согледувања и да дебатираат за нив. Овој сеопфатен пристап ќе обезбеди квалитетни информации и усогласена акција помеѓу институциите, медиумите, како и почитуваните членови на медицинската / здравствената заедница за пополнување на вакуумот за проактивни информации и едукација за потребата и безбедноста на вакцинацијата.

Иновативен елемент во проектот ќе биде тоа што Метаморфозис ќе обезбеди онллајн платфрома преку која ќе се оствари директна комуникација, координација и соработка на владата, доверливи здравствени работници, професионални медиуми со локална, како и национална читателска публика, со цел да се спротивстави на дезинформациите на темата вакцини COVID-19, како и пандемијата воопшто.

Исто така, Метамофрозис ќе ги активира и постоечките мрежи на локални медиуми; и свои локални дописници – проверувачи на факти со кои ќе обезбеди увид во идентификувањето на потребите на локалната публика во врска со дезинформациите на КОВИД-19 и нивно решавање преку прилагодена работа со локални места и групи на социјални медиуми / Фејсбук, заедно со промотивни активности на национално ниво, вклучително и канали за инстант пораки.

Сите медиумски содржини ќе бидат објавувани на македонски и албански јазик со селектиран избор кој ќе биде преведен и на англиски јазик што ќе биде споделуван како домашно искуство со соодветните мрежи со иста и случна проблематика на Бакланот и во Европа.

Проверка на факти: Ковид-19 се спроведува од 01.06.2021 до 31.01.2022 година и се реализира со финансиска поддршка Балканскиот фонд за демократија.

Сподели: