Членови на тимот од проектот Иницијатива за отворени образовни ресурси презентираа како во другите земји се развиваат и применуваат слободните образовни ресурси. Клучните трендови и развојни правци на полето на ООР беа демонстрирани пред учесниците на работилницата, а беа дискутирани можностите и условите како некои од овие образовни ресурси можат да се прилагодат и применат во Макеодонија. Исто така, беа дискутирани постоечките пречки во некои сфери за позабрзан развој на употребата на слободните дигитални алатки во образованието.

На самите учесници им беше дадена можност да демонстрираат дел од своите активности и искуство на ова поле, како и да предложат правци и форми на активности за подобар развој на ООР и нивна поефикасна примена во Македонија. Приложените информации за постоечки дисперзирани ресурси и содржини ќе бидат приопштени преку веб-сајтот и другите активности на проектот.

Сподели: