Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, организира работилница „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) на ЕУ?“ наменета за граѓански организации и медиуми, што ќе се одржи на 16 јануари 2025 година (четврток), со почеток во 10 часот, во Јавна соба (Kids Room).

Оваа работилница има за цел да ја доближи до граѓанските организации и медиумите во Северна Македонија важноста на усогласувањето на македонското законодавство со Законот за дигитални услуги на Европската Унија чија цел е да спречи незаконски и штетни активности на интернет, како и ширење на дезинформации, притоа обезбедувајќи безбедност на корисниците, заштита на фундаменталните права и создавање на фер и отворена средина за онлајн платформите.

Во рамките на работилницата ќе бидат презентирани и наодите од анализата за регулаторната и институционалната подготвеност на Северна Македонија за усогласување со Законот за дигитални услуги на ЕУ.

Нацрт-агендата за работилницата е достапна тука

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од оваа работилница а доаѓате од граѓанска организација или медиум, регистрирајте се на следниов линк: https://forms.gle/abqi3jNx2G2zqvTv6

Работилницата се реализира во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ кој има за цел да ги унапреди стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и да придонесе за негова успешна интеграција во единствениот дигитален пазар. Оваа иницијатива претставува заеднички напор за справување со нееднаквите стандарди за дигитални права во земјите од Западен Балкан преку пристап на вклучување на повеќе засегнати страни за да се постигнат значајни промени. Со искористување на спроведеното истражување како основа и вклучување на различни засегнати страни, се стремиме да го отвориме патот за успешна интеграција на регионот во дигиталната економија, истовремено зачувувајќи ги фундаменталните права во дигиталната сфера. Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in Tech Kosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија)

Сподели: