Почитувани,

Фондација Метаморфозис ве поканува на втората средба во рамки на иницијативата „Разговори за приватност“ која ќе биде на тема „Бидете себични со вашите податоци“. На средбата ќе присуствува Божидар Спировски, експерт со повеќе од 20-годишно искуство како инженер, раководител на технички тимови и тимови за информациска безбедност. Божидар ќе презентира кој, зошто и како ги следи нашите активности на интернет и што можеме да направиме за да ги заштитиме нашите податоци. Средбата ќе се одржи во Јавна соба, во салата „Слава“, на 21 јануари (петок), со почеток во 15:00 часот.

Доколку сакате да учествувате на средбата, ве молиме да го пополните краткиот формулар на овој линк.

За учесниците кои не се од Скопје, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до Скопје. За да го направиме ова, ќе биде потребно да ни доставите оригинални сметки и билети од патувањето.

Доколку ви се потребни било какви информации околу иницијативата „Разговори за приватност“ или средбата, ве молиме обратете се на vesna@metamorphosis.org.mk. Тука може да ја погледнете агендата за настанот.

Со почит,

Фондација Метаморфозис

 

*Со оглед на тоа што средбата ќе се организира во затворен објект, услов за влез е поседување сертификат/потврда за имунизација од вирусот Ковид-19, односно за примени две дози на вакцината или, пак, потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

 

Сподели: