Под покровителство и со поддршка на Европскиот младински форум од 25-28 октомври во Хотел Фени, Кавадарци се оддржа првата обука за одржливост за одредување на стратешките приоритети на Националниот младински совет на Македонија.
Преку отворен и инклузивен процес членките на НМСМ во период од три дена имаа можност детално да ги дискутираат целите, визијата и идните активности за на крај со консензус да се донесат следните три стратешки приоритети за периодот 2014-2015:
1. Зајакнување на организацискиот развој и оддржливост на советот
2. Признавање на неформалното образование и младинска работа
3. Инфомирање на младите за нивните права и обврски преку воспоставување на механизми за младинско информирање Базирано на овие приоритети, Управниот одбор на НМСМ ќе состави нацрт-акциски план кој ќе биде даден на консултација со сите членки на НМСМ за потоа тој да биде усвоен на наредното Собрание.
На 29 октомври НМСМ го оддржа првото Вонредно собрание од своето постоење. На собранието се изгласа вклучување на нова членка 56-та по ред, младинската организација на Обединета младина на Македонија.
Сподели: