На 12 и 14 октомври беа посетени уште две училишта во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси спроведен од Фондацијата Метаморфозис. Во основните училишта „Браќа Рибар“ во с. Табановце и „Мустафа Кемал Ататурк“ во с. Долно Количани беа одржани презентации и работилници чија цел е да се запознае наставниот кадар со концептите на ООР, нивната корисност, како и со вистински примери каде тие се употребуваат редовно во наставниот процес.

По презентирањето на концептот на отворени образовни ресурси следува работилница од интерактивен карактер на која наставниците се охрабрени да создадат ресурси и соодветно да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци. На секоја работилница посебно внимание се посветува на создавањето на отворени ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Сподели: