Во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“,CRTA – Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (Србија) во соработка со Фондација Метаморфозис (Северна Македонија) и партнерите, организира регионален настан: „ Регионални дијалози за Дигитална Агенда: вештачка интелигенција и алгоритми во владините е-услуги“. Настанот ќе се одржи на 9 јули 2021 (петок) во Impact Hub – Белград со почеток од 09:30 до 12:10 часот, а исто така ќе биде јавно отворен за пошироката публика преку платформата ZOOM и ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук.
Целта на овој настан е да се шири знаењето меѓу регионалните лидери и да се иницираат дискусии и продуктивен дијалог за можностите и предизвиците за користење на вештачката интелигенција (ВИ) во јавните услуги. Трендот според кој алгоритмите извршуваат задачи наместо човекот е сè почесто дел од владините операции, дури и во земјите од Западен Балкан. Алгоритмите „тајно“ водат многу процеси во позадина, а најчесто пошироката публика нема никакво знаење за овие процеси, што носи огромна ефикасност. Сепак, ваквото владеење може да биде ризично затоа што алгоритмите може да се случи да донесуваат пристрасни, па дури и штетни одлуки, а рамките за отчетност често недостасуваат. Поради тоа настанот ќе ги истражува алгоритмите во владините и владините е-услуги во Србија и регионот на Западен Балкан.
Говорници на настанот се очекува да бидат релевантни претставници на институциите и претставници на ГО од целните земји од Западен Балкан, односно:
- г-дин Алберт Алиу, Глобални КТ (Косово *)
- г-дин Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија)
- г-дин Дражен Вујовиќ, Влада на Црна Гора (Црна Гора)
- г-ѓа Ерсила Ќерамишиу, Национална агенција за информатичко општество (Албанија)
- г-ѓа Јелена Коциќ, Српско друштво за ВИ (Србија)
- г-дин Коста Петров, вршител на должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој (Северна Македонија)
- г-ца Миша Бојовиќ, виш истражувач во ЦРТА (Србија)
Настанот е отворен и на него се очекува да присуствуваат претставници на институции, граѓански организации (ГО), медиуми и сите други засегнати страни. Настанот ќе се одржи на англиски јазик, но обезбеден е превод на македонски, албански, српски и црногорски јазик за учесниците што ќе го следат настанот на ZOOM.
Сите заинтересирани за учество се поканети да го пополнат формуларот за регистрација: https://forms.gle/k4WUxJwpxVkKGi7f6
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-управување (Естонија), Левизја Мјафт! (Албанија), ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ОДК – Отворени податоци Косово (Косово *). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија.
* Оваа ознака не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.
Сподели: