Во врска со конкурсот за формирање дигитални клубови низ Македонија кој беше објавен во текот на септември оваа година, по препорака на Советодавното тело на Метаморфозис, од вкупно 39 пријавени проекти, Управниот одбор на ФИООМ одобри 9, и тоа:

1. Еколошка групација „Грин Пауер“ – Велес: Дигитален клуб во Богомила

2. Здружение „Македонско сонце“ – Брвеница: Дигитален клуб во Брвеница

3. ОЖ „Роза“ – Ранковце: Дигитален клуб во Ранковце

4. Етнолошки образовен истражувачки центар „Растеш“ – Скопје: Дигитален клуб во Самоков

5. „МБ-КОММЕРЦ 2“ Д.О.О. Експорт-импорт – Камењане: Дигитален клуб во Камењане

6. Центар за поддршка на едукација „Врама си“ – Куманово: Дигитален клуб Перо Чичо

7. Здружение на производители на раноградинарски производи – „Јужна градина“ – Негорци: Дигитален клуб Негорци

8. „Здружение за развој на алтернативен туризам – Љубојно“ – с. Љубојно: Дигитален клуб во Љубојно

9. НВО „Футуре“ – Гостивар: Дигитален клуб во Дебреше

Oдговорните лица од организациите чиишто проекти се одобрени се молат да дојдат во просториите на Фондацијата Метаморфозис во понеделник, 27 декември 2004, во 13:00 часот за потпишување на договорот. Во спротивно ќе се смета дека се откажале од проектот.

Сподели: