На конкурсот за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, објавен во декември 2014 година. Избрани се 6 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени мали грантови во вкупен износ од 12.000 евра. Подолу е објавена листата на грантисти.
Грантовите се доделени во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.
| Организација | Име на проект | Локација |
|---|---|---|
| Еколошко Друштво ’’ Вила Зора’’ | Зелен сервис за граѓаните | Велес |
| Фондација за развој на локалната заедница | И паркингот е животен стандард | Штип |
| ЗЗУЖС Еко Логик | Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти | Скопје |
| Здружение Центар за одржлив развој на заедницата | Заедно за намалување на невработеноста на младите | Дебар |
| Здружение Млади европски федералисти | Советниците дискутираат, граѓаните читаат | Куманово |
| Здружение „НОВУС“ | Општина Струмица – Отчетна, партиципативна и транспаретна општина по мерка на граѓаните | Струмица |

Сподели: