На 15ти јануари, на Рурална коалиција организираше Почетен промотивен настан на коj јавноста беше детално запознаена со активностите кои што Рурална Коалициjа ќе ги реализира во наредните 18 месеци, а во рамките на проектот “Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!”. Како претставник од Фондација Метаморфозис, на настанот се обрати Мила Јосифовска Даниловска, менаџер на програмата за Општествена отчетност и човекови права онлајн, која ги претстави ИЦЕДА проектот и регионалната мрежа, и ја потенцираше важноста на граѓанскиот сектор во пружањето поддршка за граѓаните за пошироко користење на е-услугите.

Проектот Дигитализација во земјделството – СЕГА! ќе се реализира 18 месеци на територијата на 5 општини и тоа: Кривогаштани, Старо Нагоричане, Врапчиште, Кичево и Струмица. Истиот ќе има за цел да се зголеми довербата на електронското издавање на докуемтни од страна на институциите, но исто така и да се зголеми нивото на дигиталната писменост кај локалното население.

Исто така ќе биде отворен и локале центар за е-поддршка во Кичево кој што пак директно ќе нуди поддршка за граѓаните да може полесно да ги добијат услугите по електронски пат и на таков начин да се скратат гужвите пред шалтерите на институциите.

Рурална Коалиција е една од трите организации од Северна Македонија која што стана дел од мрежата ICEDA – Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda и која што во наредниот период ќе работи на формирање и управување со граѓански центар за поддршка на е-владеење преку кој што ќе им помогне на земјоделците и руралното население воошто во користењето на е-услугите, но и зголемувањето на дигиталната писменост на локално ниво. Вакви активности освен во Северна Македонија во рамките на мрежата ИЦЕДА ќе се спроведуваат и во Албанија,Косово,Црна Гора и Србија, а во рамките на проектот “Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА” која што го спроведува Metamorphosis Foundation ( Северна Македонија ), Академија за е-владеење ( Естонија), Levizja Mjfat!(Албанија), ЦРТА -Центар за истражување,транспарентност и отчетност ( Србија), НВО 35мм ( Црна Гора) и ODK – Отворени податоци Косово (Косово).Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Забелешка: Текстот е целосно превземен од веб-страницата на Рурална коалиција кои ја носат целосната одговорност за неговата содржина, со нивна писмена дозвола. За оргиналниот текст, кликнете тука.

 

Сподели: