На 10-ти декември 2025 година во хотел „Холидеј ин“ (Скопје), ќе се одржи 21-вото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк на тема „Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација“.
Оваа година, конференцијата ќе се осврне на тоа како брзиот технолошки напредок ги преобликува демократската отпорност, човековите права и општествената доверба во еден сè повеќе меѓусебно поврзан свет. Дигиталната трансформација носи огромен потенцијал за иновации, ефикасност и инклузивност, но исто така ги изложува ранливостите на манипулации, кибер закани, и неетичка употреба на технологијата. Обезбедувањето на интегритет како основа на оваа трансформација е клучно за градење на безбедни, транспарентни и одговорни системи што ги штитат граѓаните, а воедно овозможуваат напредок. Предизвикот лежи во постигнувањето на вистинска рамнотежа помеѓу искористувањето на придобивките од дигиталната трансформација и заштитата од ризици што ги поткопуваат стабилноста, еднаквоста и човечкото достоинство.
Следете нѐ за повеќе информации.
Сподели:
