Фондацијата Метаморфозис го најавува 17-то издание на интернационалната конференцијата „е-Општество.мк“ кое ќе се одржи од 30-ти ноември до 3-ти декември, 2021 година. Овогодинешното издание ќе биде на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“.

На конференцијата „е-Општество.мк“ ќе се сретнат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите ставови и размислувања на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На конференцијата ќе се разговара за состојбите на демократијата денес, како и за тоа како технологијата ја обликува дефиницијата за добро владеење и граѓанскиот ангажман во современи услови. Тема на дискусија ќе бидат и предизвиците на дигиталната ера со посебен фокус на дезинформациите и безбедноста на интернет.

Со цел промовирање на вредноста на податоците во дигиталната ера, во рамки на конференцијата „е-Општество.мк“ ќе се одржи и Хакатон за отворени податоци. Основната цел на Хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

Конференцијата ќе биде во хибриден формат при што првиот ден од конференцијата (30-ти ноември) и последниот ден од конференцијата (3- декември) дел од учесниците ќе имаат прилика физички да присуствуваат на настанот, а останатите учесници ќе можат да ги следат сесиите онлајн преку платформата ZOOM.

Повеќе информации поврзани со конференцијата ќе бидат објавени наскоро..

Следете нè!

 

 

Сподели: