Фондацијата Метаморфозис го најавува 18-то издание на интернационалната конференцијата „е-Општество.мк“ кое ќе се одржи од 6-ти до 7-ти декември, 2022 година во Скопје, Северна Македонија и ќе биде на тема “Сајбер отпорност за слобода и безбедност“.

На конференцијата ќе се разговара за приватноста и безбедноста во дигиталната ера, како и поттикнувањето и негувањето на едно кибер-отпорно општество. Овие теми ќе се адресираат преку панел дискусии за дигиталната трансфoрмација на јавната администрација и општествата во земјите од Западен Балкан, почитувањето на човековите права во онлајн просторот, кибер безбедноста, надзорот и биометриска обработка на податоци, приватноста, како и онлајн активизмот и надминување на родовиот јаз на професионалците за кибер безбедност. Тема на дискусија исто така ќе бидат и борбата со дезинформации во време на војни, дезинформации како безбедносни закани за демократијата, ефектите од дезинформациите и странските малигни влијанија врз демократијата на Северна Македонија, како и демистифицирање на проверка на факти на Фејсбук.

Активисти, експерти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко ќе ги споделат своите ставови и размислувања на тема “Сајбер отпорност за слобода и безбедност”.

Повеќе информации поврзани со конференцијата ќе бидат објавени наскоро……

Следете нè!

Сподели: