Денот на Microsoft посветен на НВО секторот кој се одржa на 17 март, организиран од страна на фондацијата Метаморфозис со поддршка од Microsoft, им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата „Microsoft Technology for Good“ за поддршка на граѓанскиот сектор. На овој настан, што се одржа во хотелот Континентал во Скопје, беа промовирани и донациите со Microsoft Office 365 за невладиниот сектор во Македонија што ги обезбедува фондацијата Метаморфозис преку партнерот Теchsoup Balkans.

Преку програмата за софтверски донации, Microsoft им овозможува на непрофитните организации да добиваат софтверски донации преку Microsoft и нивниот партнер TechSoup Global.

DSC_4427

Настанот го отворија генералниот менаџер на Microsoft Македонија г. Стефан Плавјански и Филип Стојановски, програмскиот директор на Фондацијата Метаморфозис.

DSC_4413

„Свесни сме дека непрофитните организации играат необично важна улога во секоја заедница ширум светот. Ние во Microsoft од секогаш сме ја препознавале важноста на работата на непрофитните организации и верувавме дека може да им помогнеме со тоа што ќе има ја ставиме на располагање нашата најнова технологија. Така, во рамки на нашите програми за општествена одговорност ние ја креиравме иницијативата Technology for good за да придонесеме кон решавање на комплексните социјални и општествени проблеми. На тој начин, со давање на моќна технологија во рацете на невладините организации, веруваме дека може да ја поттикнеме нивната продуктивност, да ја зголемиме ефективноста, за да можат нивните услуги да станат достапни на што поголеми заедници и индивидуалци кои имаат потреба од нив. Софтверски донации реализиравме во повеќе од 125 земји во светот во вредност од повеќе од 940 милиони долари во тек на последната година. Во Македонија во последнети две години дониравме повеќе од 800 лиценци на невладини организации во вредност од над 500.000 долари.“, изјави Стефан Плавјански.

“Метаморфозис по втор пат со Microsoft го организира Денот за соработка со НВО-секторот како дел од нашите континуирани напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да станат поефикасни, подобри и поактивни во исполнување на нивните мисии. Метаморфозис го помага градењето на капацитетите на НВО преку ширење знаење со помош на обуки и менторства, обезбедување пристап до знаења преку издавачка дејност, а и преку обезбедување пристап до софтвер, при што во рамки на платформата Techsoup Balkans тој пристап е во форма на софтверски донации. Во партнерство со Microsoft, Метаморфозис на НВО од Македонија, Косово и Албанија нуди можности за добивање легален софтвер во форма на донации. Платформата овозможува поголема независност на НВО кои може при планирање проекти да бараат и средства за софтверска поддршка, имајќи ги предвид ниските трошоци кои во вакви случаи се минимални и може да опфаќаат плаќање административни трошоци. Како дел од платформата, Метаморфозис овозможува и директни консултации за НВО во рамки на отворените денови (секој втор петок), како и на индивидуално барање, со цел што повеќе организации од Македонија да имаат прилика да ги искористат можностите за донации.“ – изјави Филип Стојановски.

DSC_4395

По воведните говори, Влора Адеми, Business Development Manager –Education, Microsoft зборуваше на тема: Вовед и презентација на Microsoft Office 365 и придобивките од примената на облак-технологиите во граѓанскиот сектор.

“Платформата на Оffice 365 сега е достапна и за Невладините Организации во Македонија. Оffice 365 е платформа за комуникација и колаборација и е на располагање како донација за непрофитните и невладините организации. Платформата нуди: онлајн верзија на Office пакетот; простор за складирање и споделување на датотеки; e-пошта, контакти и споделени календари; интранет сајт за тимска соработка; неограничен број на онлајн средби, инстант пораки и HD видео конференции преку Lync; корпоративна социјална мрежа. Ова е нова значајна инвестиција на Мајкрост, да помогне на невладините организации да се фокусираат на реализација на своите општествено корисни мисии, без да водат грижа и да инвестираат во технологија. “- истакна Влора Адеми.

DSC_4443

Понатаму, Елена Игнатова, програмски координатор во фондацијата Метаморфозис, презентираше на тема: Поширока перспектива врз основа на сопствените искуства во врска со интернет-промоција, учество во глобалните напори од страна на Techsoup и како да се заштитиме нас и нашиот компјутер со алатките на Security in a Box.

На тема: Предностите и можностите понудени од Microsoft-партнерот Techsoup Balkans за невладините организации и начинот на регистрација за невладините организации на платформата Techsoup Balkans, зборуваше Адријана Селмани, програмски асистент во Метаморфозис.

Во втората половина од настанот се оддржа работилница на која присутните претставници од невладините организации покажаа голем интерес да се запознаат со платформата Techsoup Balkans, како и да бидат дел од демонстрацијата на Microsoft Office 365, по што следуваа прашања и дискусии. За време на работилницата на тема: Работење во облак – Демо на Office 365 и како да се имплементира, зборуваше Димитар Грозданов – Senior Technology Advisor – Microsoft.

Во последната сесија се презентираа најдобрите практики на невладината организација – СОС Детско село – Македонија, која успешно го има воведено Office 365.

Агрегираните објави од медиумите може да ги погледнете во посебната секција за настанот на Пинг.

Дискусијата на твитер за настанот можете да ја погледнете на хаштагот: #msngoMK

Сподели: