Денот посветен на НВО-ата, кој што се одржа на 18 септември, организиран од Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Движењето „Мјафт„, им овозможи на претставниците на граѓанските организации да дознаат повеќе за можноста за добивање на софтверски донации од платформата „TechSoup Balkans„. На овој настан, кој што се одржа во хотел „Tirana International„ за прв пат беше презентирана можноста за добивање на софтверски донации за невладиниот сектор во Албанија, односно програмата за софтверски донации која што се спроведува од страна на Фондацијата Метаморфозис, преку партнерот Теchsoup Balkans.
Преку оваа програма за софтверски донации, TechSoup Balkans им овозможува на непрофитните организации и јавните библиотеки да добијат софтверски донации од донаторите Microsoft и BitDefender. Нашата цел е секоја организација да има пристап до технологијата, изворите и знаењата за да го исполнат нивниот потенцијал. Платформаta Techsoup Balkans нуди една широка гама на софтверски продукти за непрофитните организации и јавните библиотеки.
Фондацијата Метаморфозис верува дека технологијата може да биде една моќна сила која што отвара прекрасни можности за непрофитните организации за да ги постигнат нивните мисии на најдобар можен начин, како и за да го забрзат нивното влијание.
На овој настан учествуваа претставници од 50 непрофитни организации од цела Албанија. Настанот го отворија директорот на Движењето „Мјафт„, истовремено и член на одборот на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество во Албанија, Aлдо Меркочи, и експертот за ИТ од Фондацијата Метаморфозис, Мерџан Емини.
„Се радувам бидејќи една ваква можност се претставува на ова конференција, која што во Албанија се организира по втор пат во соработка со Фондацијата „Метаморфозис„. Ние секогаш ги охрабруваме НВО-ата да ја употребат технологијата како средство за да ја изведат нивната рабита на што е можно побрз и полесен начин, бидејќи сега една таква платфрома им овозможува на НВО-ата да добијат софтверски донации и пристап до најновата технологија„ – изјави Алдо Меркочи.
“Овој настан кој што во Албанија се организија по втор пат, им е посветен на организациите на граѓанското општество за да им овозможи да ги унапредат нивните вештини за употребата на ИКТ преку интерактивните програми, но и да научат повеќе за искористување на можностите кои што ги нудат разните донатори преку TechSoup Balkans. НВО-ата може да искористат бројни можности кои што денес ги нуди технологијата и интернетот, кои што можат да го променат начинот на живеење, бидејќи нудат пократок пат, помалку трошоци за постигнување на целта, како и внатрешна реорганизација и комуникација се целните групи„ – изјави Мерџан Емини во неговиот воведен говор.
Потоа, Адријана Селмани, програмски асистент во Фондацијата Метаморфозис, ги претстави „Предностите и можностите кои што се нудат од страна на Techsoup Balkans„. Во нејзината презентација таа наведе: „Кај непрофитните организации, технологијата може да ја зголеми продуктивноста, ефикасноста преку подобра соработка и проширување на услугите за новите заедници и лицата кои што имаат потреби. Ние во Фондацијата Метаморфозис создаваме нови можности преку платфромата TechSoup Balkans, со цел НВО-ата да го постигнат нивниот целосен потенцијал, да го забрзат нивното влијание, да ги понудат нивните програми и услуги на поефективен начин и да ги постигнат нивните мисии на што подобар начин.”
Вториот дел од настанот се заокуржи со работилницата: Teхнологиите за граѓанскиот сектор, каде што претставниците на непрофитните организации имаа можност да ги идентификуваат потребите на нивната организација за да го изберат и да го применат соодветниот софтверски пакет, како и за да аплицираат за софтверска донација на платформата Techsoup Balkans.
Сподели: