Во петок на 12 мај, во Фондацијата Метаморфозис се одржа работилница на која присуствуваа 10 претставници на граѓанскиот сектор, на која имаа можност да научат повеќе за начинот на користење на Microsoft Office 365.
На оваа едно часовна работилница беа презентирани начините како најлесно да работат повеќе вработени во исто време на еден ист документ, како да работат на Microsoft Office 365 Sharepoint со цел најлесно да надгледува спроведувањето на задачите и како да креираат нови задачи со цел полесно и побрзо да ја реализираат мисијата на проектите кои граѓанските организации ги спроведуваат.
На оваа работилница исто така присутните имаа можност да ги споделат досегашните искуства со користењето на Microsoft Office 365.
Оваа работилница беше спроведена благодарение на спонзорите Microsoft i TechSoup и истата беше организирана од страна на Фондацијата Метаморфозис како претставник на NetSquared Balkans мрежата.
Сподели: