На 23 февруари 2017, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа третиот состанок со партнерите од проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа. Претставниците кои учествуваа на овој состанок беа претставници на партнерите од проектот – Фондација Метаморфозис, Вестминстер Фондација за демократија, ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност, Граѓанска организација Зашто Не?, Центар за демократска транзиција Open Data Kosovo (ODK) и Levizja Mjaft!. 20170223142956Состанокот имаше за цел да ги состане членовите на управниот одбор како и да се дискутира за регионалниот индекс, прелиминарните наоди од фазата на истражување, идни чекори и планови на секој партнер во врска со проектот. 20170223142939

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија.

Сподели: