На трибината свои излагања имаа г. Торстен Бартел, експерт за нови технологии во германската крим-полиција, г-а Јеал Шахар, екперт за тероризам од Израел, г. Марјан Ристески, главен инспектор за компјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи на РМ и г. Мијалче Георгиев, експерт за е-бизнис од Економскиот Факултет во Скопје.

По презентациите шеесетината гости имаа можност да им постават прашања на експертите. Се разви дискусија, а присутните беа најзаинтересирани за состојбите со компјутерскиот криминал во Република Македонија.