На обуката беа присутни активисти од Скопје од организациите „Плоштад Слобода“, „МОФ“ и „Викимедија“, а во улога на обучувач беше Кирил Симеоновски од невладината организација „Викимедија“ кој освен што ги запозна учесниците со Вики софтверот и неговата употреба, им презентираше како да уредуваат текст, да создаваат врски и додаваат наводи, да уредуваат слики, мултимедија, табели, категории и страница за разговор.
Овие обуки се дел од ИКТ компонентата на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија на Фондацијата Метаморфозис кој се реализира во партнерство со „Викимедија“.
Сподели: