DON_8407

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв“, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија одржа повеќе настани и активистичка акција на терен. На 19 октомври во ГЕМ-клубот се одржа трибината „Безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите“, а веднаш по трибината беше одржана и работилница за безбедно користење на мобилни телефони.

Според Билјана Волческа од Дирекцијата за заштита на лични податоци, која учествуваше на трибината како говорник, оваа институција по службена должност не повела постапка од засегнати граѓани за материјалите што произлегуваат од политичките „бомби“ бидејќи до сега ниту еден граѓанин не доставил претставка за овој случај. Инаку, со „бомбите“ на опозицијата беше обелоденето дека се прислушувани повеќе од 20.000 граѓани.

DON_8437Таа се осврна и на улогата на телекомуникациските оператори во процесот на прислушување и прибирање и обработка на лични податоци, како и мета-податоци од телефонските разговири. Според Волческа, мобилните оператори во Македонија масовно ги собираат сите мета-податоци од разговорите на граѓаните и ги чуваат 12 месеци, за разлика од ЕУ, каде тоа воопшто не се прави.

„Постојат стандарди според кои можат да се следат комуникациите и да се прибираат лични податоци, а сè што ќе се прекрши преставува нарушување на приватноста. Телекомуникациските оператори и интернет-провајдерите треба да имаат механизми со кои ќе ја гарантираат доверливоста на своите корисници и кои треба да обезбеднат сигурност и тајност на нивните податоци и комуникации. Тие треба да преземат технички мерки за податоците да бидат сигурни, а потоа да бидат и уништени доколку целта за која се собирале се исполнила“, додава Волческа.

DON_8462Виолета Ѓорѓиевска од „Интернет хотлајн провајдер – Македонија“ вели дека со објавувањето на „бомбите“ се случило таканаречено сајбер-малтретирање (сајбер булинг) на дел од политчката елита, што претставува појава при која одредена група вади и објавува лични податоци за некоја личност со што ѝ го нарушува угледот.

„Сајбер-малтретирањето не е дефинирано во согласност со Кривичниот законик и не знам како ќе се решат случаите што се поврзани со тоа. Законот за „бомбите“ што го предложи власта е буквален атак врз слободата на интернетот и претставува негова цензура. Таков закон не може да се донесе без да се формираат соодветни тела што ќе водат грижа за интернетот да не се цензурира“, рече Ѓорѓиевска.

DON_8467Предраг Тасевски, основачот на cybersecurity.mk, покрај тоа што учествуваше како говорник на трибината, одржа и работилница за безбедно користење мобилни телефони, на која учесниците можеа да се запознаат со начините за заштита на комуникацијата.

DON_8479Иницијативата Слобода наместо страв – меѓународни денови на акција“ е присутна во Македонија од 2008 година, а оваа 2015 година како партнер се вклучува и коалицијата Граѓаните за Македонија. На 16 октомври, граѓански активисти од Фондацијата Метаморфозис и коалицијата Граѓаните за Македонија изведоа акција на терен во која со маскоти на големи уши и големо око, преку пародија прикажаа како изгледа прислушувањето во Македонија.

Видео записот од трибината на тема „Безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите“, можете да го погледнете во продолжение:

 

2 trgnuvaat 1Акцијата започна пред зградата на Владата на РМ и од пред седиштето на најголемата партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, од каде се симулираше како „големите уши и око“ тргнуваат „на работа“.

3 trgnuvaat 3Потоа продолжи пред седиштата на повеќе институции, граѓански здруженија и медиуми за кои со „бомбите“ беше откриено дека се прислушувани со години. „Големите уши и окото“ се појавија пред Општина Центар, седиштето на Европската Унија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, редакцијата на неделникот „Фокус“, но и пред канцелариите на Фондацијата Метаморфозис, агенцијата Мета и порталот „Порталб“.

portalb meta 3

 

Сподели: